Ла Гвајра, главниот град на истоимената сојузна држава на северот на Венецуела, е најтешко погоден во земјотресите што се случија во средата, изјави за CNN претседателот на Собранието на Венецуела, Хорхе Родригез.
Првиот земјотрес бил со магнитуда од 7,2 степени според Рихтер, додека вториот, посилен, бил со магнитуда од 7,5 степени според Рихтер. Епицентарот бил во близина на главниот град Каракас.
Се урнаа најмалку 15 згради
Родригез додава дека поради земјотресот се урнале дури 15 згради. Во Ла Гвајра се наоѓа едно од најголемите морски пристаништа во земјата, како и Меѓународниот аеродром „Симон Боливар“, кој го опслужува главниот град Каракас.
Снимките од аеродромот прикажуваат уплашени патници како трчаат низ урнатини и густ прав. Аеродромот во моментов е затворен, пренесува CNN.







