ПРВ.мк
Скопје

„ЛАЈКА“ ЌЕ ДОБИЕ 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД ГРАДОТ: Новиот систем ќе ги лови оние што носат кучиња во Скопје!

„ЛАЈКА“ ЌЕ ДОБИЕ 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД ГРАДОТ: Новиот систем ќе ги лови оние што носат кучиња во Скопје!
Kristal

Градот Скопје ќе инвестира 30 милиони денари во Јавното претпријатие „Лајка“ за значително проширување на капацитетите и трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

– Предолго време проблемот со бездомните кучиња се игнорираше. Последиците ги чувствуваа и граѓаните и животните, кои беа оставени без заштита и соодветни услови. Сега започнуваме нов, сериозен и одговорен пристап – рече Ѓорѓиевски.

Инвестицијата ќе овозможи создавање современи и хумани услови за згрижување на животните, а градоначалникот потенцираше дека „Лајка“ повеќе нема да се користи за партиски вработувања, туку фокусот ќе биде ставен на вистинска грижа за животните.

Дополнително, со воведувањето на системот „Сејф сити“, сите кои незаконски носат животни од други градови во Скопје ќе бидат откриени и санкционирани. – Ред мора да има – за безбедноста на граѓаните и за заштита на животните – потенцираше градоначалникот.

Ѓорѓиевски апелираше граѓаните да соработуваат со институциите и да пријавуваат сите појави на напуштање или незаконско носење животни. – Само со заедничка акција можеме да воведеме ред и да изградиме функционирачки систем – додаде тој.

Според градоначалникот, решението нема да биде декларативно, туку преку конкретна работа, инвестиции и континуирана грижа за бездомните кучиња.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo