ПРВ.мк
Свет

СКАНДАЛ: Токсичен отпад извезуван тајно, десетици под истрага!

СКАНДАЛ: Токсичен отпад извезуван тајно, десетици под истрага!
Kristal

Голема полициска акција ја потресе Албанија откако властите воведоа мерка притвор за вкупно 33 лица осомничени за вмешаност во меѓународна трговија со токсичен отпад. Досега се уапсени 20 лица, додека по уште 13 интензивно се трага, меѓу нив и странски државјани.

Според албанските медиуми, истрагата е резултат на повеќе од една година работа на обвинителството во Драч, кое го истражувало сомнителниот извоз на 102 контејнери со опасен отпад натоварени на брод во пристаништето Драч, а со крајна дестинација – Тајланд. Отпадот потекнувал од челичарницата „Курум“ во Елбасан.

Обвинителството издало 33 налози за апсење, а осомничените се лица од различни структури: царински службеници, бизнисмени поврзани со компанијата, како и вработени во Националната агенција за животна средина. Од нив, за 26 лица е одреден затворски притвор, додека седум се ставени во куќен притвор. Се сомничат за трговија со забранета стока, злоупотреба на службена положба и перење пари.

Во меѓувреме, потврдена е и најтешката точка од истрагата – лабораториските анализи покажале дека вратениот товар бил навистина токсичен. Вкупно 2.800 тони опасен отпад, кои претходно биле одбиени по предупредувања од еколошки организации, се вратија во Албанија во октомври 2024 година.

Еколошките активисти предупредуваат дека ваквиот случај е дел од глобален проблем – индустриски отпад од Европа често завршува во Азија и Африка, во бизнис вреден десетици милијарди долари годишно. Скандалот со Драч отвори сериозни прашања за корупција, контрола и безбедноста на животната средина.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo