ПРВ.мк
Македонија

МОЈ ТЕРМИН: Ова е новиот портал кој открива кога и колку ќе чекате за хирушка интервенција!

МОЈ ТЕРМИН: Ова е новиот портал кој открива кога и колку ќе чекате за хирушка интервенција!
Kristal

Од денес пациентите конечно добиваат увид во нешто што со години беше обвиено со нејаснотии – листите за чекање за операции. Министерството за здравство промовираше нов јавен портал преку кој граѓаните можат да проверат кога им е закажана елективна хируршка интервенција и колку пациенти има пред нив.

Министерот за здравство, Азир Алиу, објасни дека станува збор за нов модул за електронска евиденција, достапен преку веб-страницата на Министерството, кој првпат воведува јасни правила и целосна транспарентност во закажувањето операции во јавните здравствени установи. На порталот ќе има категоризирана листа на интервенции и редовно ажурирани податоци.

Според Алиу, целта е системот „прв дојден – прв услужен“ навистина да функционира, без импровизации и паралелни листи. Закажувањето операции се врши преку „Мој термин“, со болнички упат издаден од специјалист хирург, што овозможува целосна следливост на пациентот и интервенцијата.

ЛИНК ДО ПОРТАЛ

Анализата на Министерството, сепак, открила сериозни неправилности: упати се издавале непосредно пред операција, наместо при утврдување на потребата, дел од лекарите користеле погрешни типови упати или воделе хартиени листи, а листите за чекање често не биле прочистувани. Како резултат, за 2025 година биле евидентирани 58.648 реализирани упати, а дури 93.510 извршени операции – бројка што укажува на отстапување од законските правила.

Со новиот портал, пациентите ќе можат слободно да пребаруваат, да ја видат реалната состојба и времето на чекање, а институциите ќе бидат под постојан надзор. Министерот порача дека ова е чекор кон европски стандарди, подобро планирање и, конечно, повеќе доверба во јавното здравство.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo