ПРВ.мк
Магазин

Доењето има неочекуван ефект: Ова може да ги заштити мајките од депресија дури 10 години по породувањето!

Доењето има неочекуван ефект: Ова може да ги заштити мајките од депресија дури 10 години по породувањето!
Kristal

Породувањето носи замор, непроспиени ноќи и голема животна промена, но една навика од првите месеци со бебето може да има изненадувачки долгорочен бенефит за мајките. Ново истражување покажува дека доењето не е важно само за бебето – туку и за менталното здравје на мајката години подоцна.

Студија објавена во списанието BMJ Open открива дека мајките кои доеле имаат значително помал ризик од анксиозност и депресија дури и една деценија по породувањето. Научниците ги следеле здравствените навики и психичката состојба на 168 жени за време на нивната втора бременост и во период од 10 години по раѓањето.

Жените биле контролирани по неколку временски интервали – од неколку месеци, па сè до цела деценија по породувањето. Резултатите биле впечатливи: само 13% од мајките кои доеле пријавиле симптоми на депресија или анксиозност во текот на целиот период.

Истражувачите забележале дека жените со полошо ментално здравје по 10 години или не доеле, или доеле пократко време. Тие вообичаено биле помлади и помалку физички активни – фактори кои дополнително го зголемуваат ризикот од нарушувања на расположението.

Иако станува збор за опсервациска студија, експертите сметаат дека доењето има реални психолошки придобивки. Сепак, признаваат дека многу жени не можат да дојат поради здравствени, работни или емоционални причини.

Токму затоа, научниците апелираат за подобра институционална поддршка, нагласувајќи дека доењето може да биде еден од клучевите во борбата против депресијата кај мајките.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo