ПРВ.мк
Свет

ГО ИСКАСАПИЛ СО НОЖ ПА ИЗБЕГАЛ: 36-годишен маж итно пренес во болница - полицијата во потрага!

ГО ИСКАСАПИЛ СО НОЖ ПА ИЗБЕГАЛ: 36-годишен маж итно пренес во болница - полицијата во потрага!
Kristal

Австриската полиција трага по 26-годишен државјанин на Србија, осомничен дека со нож го нападнал својот таст во неговиот стан во Виена.

Инцидентот се случил во средата, во раните утрински часови, по семејна расправија во населбата Мајдлинг. Според австриските медиуми, 36-годишниот маж бил нападнат со нож од својот зет, при што се здобил со повреди на главата, вратот и бутините.

Екипа на Итната помош му укажала медицинска помош на повредениот и веднаш го пренела во болница. Неговата здравствена состојба во меѓувреме е стабилизирана и тој не е во животна опасност.

Истрагата ја презела Јужната филијала на Виенската криминалистичка полиција. Засега нема официјални информации за мотивите и позадината на нападот.

Осомничениот, 26-годишен Србин, по нападот избегал и по него интензивно се трага.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo