На 3 февруари 2026 година, околу 22:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ѓ. С. (23) од Скопје.
При претрес со судска наредба извршен во неговиот дом на подрачјето на Центар, пронајдени и одземени се: марихуана, дигитална вага, пиштол, рамка со куршуми, пари и други предмети.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок

















