ПРВ.мк
Скопје

Скопје започна голема акција за чистење на коритото на Вардар (ФОТО)

Скопје започна голема акција за чистење на коритото на Вардар (ФОТО)

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје стартуваа со машинско чистење на коритото на реката Вардар во централното градско подрачје, кај Галиите. Отстрануваат шут и гранки кои со години се таложеле во реката.

Во изминатиот период се спроведувало и рачно чистење на нискостеблестата вегетација од косините, а таа активност ќе продолжи и во наредните денови, според предвидениот план за одржување на Вардар, неговите притоки и отворените канали во Скопје.

Escape