Општина Центар го заврши новогодишното украсување на Скопје, создавајќи светлосна зимска атмосфера која веќе го плени вниманието на минувачите. Плоштадите, улиците и парковите се трансформирани со инсталации и светлосни ефекти кои ја најавуваат магијата на празниците.
Центарот добива масивни светлосни инсталации и интерактивни фигури Главното подрачје на градот ќе биде збогатено со нов концепт на празнична декорација: масивни ЛЕД инсталации, интерактивни 3Д фигури и препознатливото „ѕвездено небо“. Проектот ги опфаќа централната елка, светлосните сводови и декорациите на клучните булевари.
На плоштад „Македонија“ ќе биде поставена елка висока 13 метри, со метална конструкција и светлечки украси, а просторот ќе биде дополнет со големи светлосни фигури погодни за фотографии:
- 3Д мече 4х4 метри со герланди и ЛЕД осветлување
- Три светлечки подароци до 4 метри високи
- Метална рамка во форма на Дедо Мраз висока 5 метри
- 3Д ѕвезди од алуминиум високи 3 и 4 метри
- „Ѕвездено небо“ од ЛЕД мразулци на површина од 800 квадратни метри
Празнична магија на улиците и булеварите Декорациите ќе се протегаат и по клучните сообраќајници со светлосни фигури на бандери, висечки елементи и ЛЕД ефекти:
- Ул. „Даме Груев“ – 30 фигури
- Ул. „Димитрија Чуповски“ – 20 фигури на бандери и 20 висечки елементи
- Ул. „11 Октомври“ – висечки елементи и 100 ЛЕД „snowfall“ капки
- Бул. „ВМРО“ – 24 фигури
- Ул. „Филип Втори“ – 30 фигури
- Бул. „Гоце Делчев“ – 40 фигури
- Просторот пред Владата – 40 фигури
- Бул. „Партизански одреди“ – 12 фигури
Строги критериуми за избор на изведувач За да се квалификува, фирмата што ќе го реализира проектот морала во последните три години да има реализирано најмалку три слични договори со вкупна вредност од 10 милиони денари со ДДВ, а барем еден договор морал да биде вреден најмалку 3,5 милиони денари, што гарантира дека проектот ќе го изведе компанија со значително искуство и капацитет.
Со овие подготовки, Скопје се подготвува да ја дочека Новата 2026 година со празнична магија и незаборавна светлосна атмосфера.
















