Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави интензивно и секојдневно чистење на кејот на Вардар. Целта е подобрување на хигиената и уредувањето на јавните површини за сите граѓани и гости на градот.

Екипите на јавните претпријатија веќе ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки, како и коритото на реката, отстранувајќи сè што со години создаваше занемарена и недолична слика за кејот.

– Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи скопјани и сите гости на нашиот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола. Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај – изјави Ѓорѓиевски.

Градските власти најавуваат дека ова ќе стане трајна пракса, со цел кејот на Вардар да остане уреден и привлечен во иднина.
















