Во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Скопје, голем број ученици пријавиле стомачни болки, по што инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, започнаа вонреден надзор.
Кујната е привремено затворена додека се утврдува можниот извор на труењето. Според протоколот, ќе се спроведе епидемиолошка анкета и ќе се земат мостри од храната, работните површини, приборот и машините за лабораториско тестирање.
Јавноста ќе биде известена за резултатите и евентуалните мерки веднаш по завршувањето на контролата.
















