ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Кадиров со остра закана кон Зеленски: Не требаше ова да го помислите, а не да го направите - дали е ова почеток на нова војна?

(ВИДЕО) Кадиров со остра закана кон Зеленски: Не требаше ова да го помислите, а не да го направите - дали е ова почеток на нова војна?
Kristal

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави дека руските сили извршиле ракетен напад врз украинскиот град Харков, како одмазда за утринскиот напад со беспилотни летала врз Грозни, главниот град на Чеченија.

Според украинските власти, во Харковската област е забележана ракета што набрзо паднала во близина на станбена зграда, при што е повредена 48-годишна жена. Околу нејзината зграда е пријавена мала материјална штета.

Кадиров потврди дека утрово три дронови го гаѓале Грозни, при што два биле соборени, а третиот паднал на просторот на базата на мобилната единица за специјални намени (ОМОН). Тој додаде дека секој обид за напад врз чеченските објекти ќе биде одговорен со „попрецизни и поостри удари“.

Според Кадиров, руските воздушни сили во 12:00 часот извршиле два ракетни удари со ракети „Искандер“ врз цели во Харков, наведувајќи дека се работи за локации каде се наоѓале украински сили.

Официјална потврда од руските власти за нападот сè уште нема, додека украинската страна допрва треба да го потврди степенот на штетата и евентуалните жртви.

Инаку, утрово во Грозни се регистрирани четири експлозии, за кои локалното население наведува дека биле предизвикани од украински дронови. Локалните власти соопштија дека полицијата отворила оган врз дроновите насочени кон полициската станица.

На социјалните мрежи се појави и видео кое наводно ја прикажува моменталната експлозија во базата на интервенциската полициска единица ОМОН, со наведување дека нападот е изведен со беспилотно летало Е-300.

Тензиите меѓу Украина и Русија продолжуваат да растат, додека двете страни разменуваат обвинувања за напади врз критични објекти.

ВИДЕО ОД НАПАДОТ

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK