На 27 ноември 2025 година, украинската војска изврши напад со беспилотни летала врз воената база „Север-Ахмат“ во Грозни, главниот град на Чеченија, каде се стационирани силите на Рамзан Кадиров, јавуваат локални медиуми. Нападот предизвика силна експлозија, при што целта била 78-от моторизиран полк за специјални намени на руската армија, познат и како „Север-Ахмат“.
Грозни е центар на Чеченија, муслиманска република во Северен Кавказ, под контрола на Кадиров, со бројни воени објекти и бази на проруски борци. Според извештаите, ова е четвртиот напад со беспилотни летала врз територијата на Чеченија од почетокот на војната во Украина, а претходните беа регистрирани во октомври и декември 2024 година.
Ниту украинските ниту руските власти сè уште не го коментирале инцидентот. Нападот повторно ја истакнува стратегијата на Украина за користење на беспилотни летала за директни удари на територијата на руски сојузници, особено во региони каде што се стационирани елитни единици на руската војска.
















