Поради планирани технички зафати и активности на електродистрибутивната мрежа, во вторник повеќе делови од Скопје и околината ќе останат без електрична енергија во различни временски интервали.
Во Општина Бутел, поради активности во трафостаницата „Бутел 24“, од 07:55 до 09:55 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Никола Петров“, „Грујица Војвода“ и „Македонска бригада“.
Исто така во Бутел, поради зафати во ТС „Бутел 30“, од 10:15 до 12:15 часот прекин во снабдувањето ќе има на дел од улиците „Бетовенова“ и „Адем Кастрати“.
Во Општина Шуто Оризари, од 08:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Гвадалахара“, во близина на гробиштата во Бутел, како и корисник на улицата „Мак. Косовска“ бр. 42.
Планиран прекин ќе има и во Кадино, Општина Илинден. Поради активности во ТС „Бела Земја 5“, меѓу кои демонтажа на стар и поставување нов дрвен столб, од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улиците „10“ и „521“.









