Трагична вест пристигна од Финска, каде ненадејно починал 34-годишниот Арбер Гаши од Косово, само неколку часа по неговото учество на протест во Хелсинки во поддршка на ОВК.
Според информациите објавени во косовските и албанските медиуми, Гаши присуствувал на протестот во финската престолнина, по што се вратил дома. Неколку часа подоцна било соопштено дека починал.
Веста за неговата смрт ја потврдило и семејството. Телото на 34-годишниот Гаши во моментов се наоѓа во Финска, а деталите за транспортот во Косово и погребот дополнително треба да бидат објавени.
Според објавата на Алби Зогиани, Гаши пред околу четири години заминал во Финска за да работи и финансиски да му помага на своето семејство во Косово. Тој бил единствениот член од семејството кој живеел во оваа скандинавска земја.
На семејството, според објавените информации, ќе му биде потребна финансиска помош за транспорт на телото од Финска во Косово и за останатите трошоци.
Причината за смртта засега не е официјално соопштена и нема информации што ја поврзуваат неговата смрт со учеството на протестот.








