Повеќе лица, меѓу кои и малолетничка, биле лишени од слобода во Скопје и Велес во текот на изминатото деноноќие, откако полицијата кај нив пронашла различни видови наркотични супстанции.
Според информациите од МВР, на 27 септември 2026 година, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.Х.(30), Б.Л.(27), С.Р.(24), Р.Б.(29), Р.Ч.(27) и 17-годишна малолетничка, сите од Скопје, како и Џ.Л.Г.(29) од Обединетото Кралство.
При извршените прегледи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава и бела прашкаста материја и ризли.
Полициска акција била спроведена и во Велес. Во 17:20 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ѓ.(37) од Велес, откако при преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.








