ПРВ.мк
Црна Хроника

ВЕЛЕШАНЕЦ ПРИВЕДЕН СО 1,51 ПРОМИЛИ: Полицијата му го одзела и автомобилот

ВЕЛЕШАНЕЦ ПРИВЕДЕН СО 1,51 ПРОМИЛИ: Полицијата му го одзела и автомобилот

Полициски службеници од СВР Велес привеле 62-годишен велешанец, откако било утврдено дека управувал автомобил со 1,51 промили алкохол во крвта.

Според информациите, на 27 септември во 20:10 часот, на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, полицијата запрела автомобил „Опел“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Т. (62) од Велес.

При извршената контрола било утврдено дека возачот имал 1,51 промили алкохол во крвта.

По насоки на јавен обвинител, тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, додека возилото било одземено.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.