Во СВР Скопје е пријавен случај на физички напад во семеен дом на подрачјето на Чаир.
Според информациите, на 27 септември 2026 година во 17:30 часот, 36-годишен маж од Скопје пријавил дека претходниот ден, на 26 септември околу 03:00 часот, бил физички нападнат од неговата поранешна партнерка.
Како што било пријавено, 34-годишната М.К. од Скопје дошла во неговиот дом на подрачјето на Чаир, каде физички го нападнала, а притоа оштетила и дел од покуќнината.
Надлежните преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.









