ПРВ.мк
Црна Хроника

СО МЕСЕЦИ СЕ ВЕРУВАЛО ДЕКА Е НЕСРЕЌА: Обдукцијата ја променила истрагата за смртта на Марија

СО МЕСЕЦИ СЕ ВЕРУВАЛО ДЕКА Е НЕСРЕЌА: Обдукцијата ја променила истрагата за смртта на Марија

Речиси една година смртта на 32-годишната Марта Марија Охриско се сметала за трагична несреќа по пад од карпа во Италија. Но истрагата и обдукцијата подоцна довеле до обвинение против нејзиниот партнер, 41-годишниот Илија Батраков.

Телото на Украинката било пронајдено во провалија во јули 2024 година, во близина на камп-приколката во која живеела со Батраков. Според истрагата, при падот таа го скршила зглобот и испратила порака до партнерот барајќи помош.

Истражителите тврдат дека Батраков пристигнал неколку часа подоцна, но наместо да ѝ помогне, ја нападнал и ја задушил. Следниот ден го пријавил нејзиното исчезнување, а наводно се обидел да ги избрише пораките и повиците од телефонот.

Клучен момент во истрагата биле резултатите од обдукцијата. Во респираторниот тракт на Марија биле пронајдени остатоци од земја и растителен материјал, што било значајно за реконструкцијата на околностите под кои настапила смртта.

Според обвинението, жената и претходно била изложена на физичко и психичко насилство. Девет месеци по нејзината смрт, Батраков бил обвинет за злоставување и намерно убиство со отежнувачки околности. Судскиот процес е во тек, а наводите против него допрва треба да бидат утврдени со правосилна судска одлука.