ПРВ.мк
Македонија

СТУДЕНО УТРО, ТОПОЛ ДЕН: Температурите низ Македонија со разлика од дури 25 степени

СТУДЕНО УТРО, ТОПОЛ ДЕН: Температурите низ Македонија со разлика од дури 25 степени

Големи температурни разлики се очекуваат низ Македонија – од студено утро со само 1 степен во Берово, до речиси летни 26 степени во Гевгелија.

Во поголемиот дел од земјата времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во југоисточните делови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 11 степени, а во текот на денот максималните ќе достигнат од 18 степени во Маврово до 26 степени во Гевгелија.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер. Температурата ќе се движи од 8 степени наутро до 25 степени во текот на денот.

Во среда се очекува слично време, додека во четврток ќе преовладува сончево време со мала облачност.