ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА: Пожар во семејна куќа, едно лице почина

ТРАГЕДИЈА: Пожар во семејна куќа, едно лице почина

Трагичен настан утрово во Берово, каде 83-годишен маж го загубил животот во пожар во неговиот дом.

Според информациите од МВР, денеска (28 септември) во 06:25 часот во ОВР Берово било пријавено дека избувнал пожар во куќата на С.Б. (83) од Берово.

На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Берово, која го изгаснала пожарот. Според пријавеното, сопственикот на куќата починал како последица на интоксикација од чад.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош Берово.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Берово.