ПРВ.мк
Црна Хроника

18-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН: Интервенираше мобилниот тим „Task Force“

18-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН: Интервенираше мобилниот тим „Task Force“

Осумнаесетгодишно момче од кумановско било лишено од слобода откако полицијата при преглед кај него пронашла бела грутчеста материја.

Според информациите од СВР Куманово, на 26 септември 2026 година, околу 22:35 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје, заедно со мобилниот тим „Task Force“, го привеле П.Д. (18) од кумановско.

При извршениот преглед кај младиот кумановец била пронајдена бела грутчеста материја.

Тој бил приведен во полициска станица, а од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.