ПРВ.мк
Скопје

БЕЗ СТРУЈА И ДО ШЕСТ ЧАСА: ЕВН објави каде ќе има прекини утре во Скопје

БЕЗ СТРУЈА И ДО ШЕСТ ЧАСА: ЕВН објави каде ќе има прекини утре во Скопје

Без електрична енергија утре, 25 септември, неколку часа ќе останат корисници во четири скопски општини – Бутел, Сопиште, Центар и Илинден.

Како што информира ЕВН Македонија, прекините ќе бидат во различни временски периоди во зависност од локацијата.

Од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Хо Ши Мин“ во Општина Бутел.

Во Општина Сопиште, од 08:30 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „9“ и дел од улицата „1“.

Прекин е најавен и во Општина Центар. Од 09:00 до 13:00 часот без напојување ќе бидат дел од корисниците на улицата „11 Октомври“, кај броевите 86 и 52, како и околните објекти.

Во Општина Илинден прекинот ќе трае еден час – од 12:00 до 13:00 часот, а ќе ги опфати дел од корисниците по гробиштата.