На 15.11.2025 околу 06:30 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП во движење, кој бил без патници.
Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје известуваат дека пожарот е целосно изгаснат, а среќна околност е што нема повредени лица.
















