ПРВ.мк
Економија

Мицковски одговори од кои зависи зголемувањето на минималната плата - Погледнете што следува!

Мицковски одговори од кои зависи зголемувањето на минималната плата - Погледнете што следува!
Kristal

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека прашањето за евентуално интервентно зголемување на минималната плата надвор од законот е предмет на дијалог меѓу синдикатите и работодавачите.

Тој истакна дека Владата ќе го прифати секое решение што ќе произлезе од меѓусебен договор помеѓу двете страни.

„Што се однесува до минималната плата, имаме закон и во целост го почитуваме. Дали ќе има интервентно зголемување надвор од законот, тоа е предмет на дијалог што го водат синдикатите со работодавачите. Во ноември ќе имаме седница на Економско-социјалниот совет, каде очекувам ова прашање да се отвори, и Владата ќе го прифати секое решение кое ќе го договорат работниците и работодавачите“, рече Мицкоски.

Изјавата беше дадена по повод свеченоста за 25-годишнината на Фондот за здравствено осигурување.

Escape