На 14.11.2025, во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со прострелна рана на десната нога е донесена Љ.И. (46) од Скопје.
Според пријавата на нејзиниот син Д.И. (21), на 13.11.2025 околу 17:00 часот, додека бил во нивната викенд куќа во с. Брест, скопско, тој пукал со воздушна пушка во мета, но не ја забележал мајка му која поминувала пред него, по што случајно ја погодил во ногата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
















