Брутален напад во Скопје: 53-годишник претепал 12-годишно дете и му оштетил велосипед
Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против 53-годишник кој на 11 ноември извршил насилен напад врз 12-годишно дете.
Додека детето се движело со велосипед по булеварот „Крсте Мисирков“, напаѓачот го пресретнал со електричен мотор и почнал да го удира со тупаници и клоци по лицето и телото. Во еден момент извадил нож и замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по главата.
Сепак, детето успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи. Напаѓачот потоа го зграпчил велосипедот, му ги исекол гумите и го фрлил на булеварот, со намера да оштети возила, по што побегнал.
Јавноста и полицијата се згрозени од бруталноста на нападот, а обвинителството најави дека ќе преземе мерки за засилено гонење на сторителот.
















