ПРВ.мк
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ презема драстичен потег, Стоилев е разрешен - погледнете што следува!

ВМРО-ДПМНЕ презема драстичен потег, Стоилев е разрешен - погледнете што следува!
Kristal

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Илија Стоилев е разрешен од функцијата претседател на Општинскиот комитет во Свети Николе, по скандалот со злоупотреба на средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Според партијата, одлуката била донесена на синоќешната седница на Централниот комитет, по истрагата на Обвинителството. Стоилев е осомничен за примање поткуп, откако потпишал договор со фирма што не ги исполнувала условите за средства од ИПАРД-програмата, по ветување за подарок од 50.000 евра. При претрес кај него биле пронајдени и одземени 400 евра, а во акцијата биле приведени пет лица.

На седницата бил разрешен и Гоце Стоиловски од местото претседател на Општинскиот комитет во Македонска Каменица, каде ВМРО-ДПМНЕ ги загуби локалните избори, а градоначалничката функција ја презеде кандидат на СДСМ.

Главен дел од состанокот бил посветен на подготовките за партискиот Конгрес на 6 декември во Кавадарци, при што биле избрани над 800 делегати, а генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски добил овластување да ја утврди конечната листа согласно статутот. Формиран е и организациски одбор за подготовка на настанот.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека резултатите од последните локални избори претставуваат убедлива и историски висока победа, што ја гледаат како обврска за исполнување на ветувањата кон граѓаните.

Escape