Вчера, на 14 ноември 2025 година во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Р. (28) од Струмица.
Тој е осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на 11 месеци од казната.
Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за издржување на преостанатата казна, соопшти МВР.
















