ПРВ.мк
Топ Вести

(ФОТО) Тишина што зборува погласно од зборови: На ‘Маршот на ангелите’ се крена бран емоции и револт - погледнете што следува

(ФОТО) Тишина што зборува погласно од зборови: На ‘Маршот на ангелите’ се крена бран емоции и револт - погледнете што следува
Kristal

„Марш на ангелите“ го преплави Скопје: Илјадници граѓани со едно барање – правда за трагедијата во Кочани

Со силни пораки, емоции и импресивна масовност, денеска низ центарот на Скопје се одржа „Маршот на ангелите“, на кој граѓаните уште еднаш гласно побараа правда за трагедијата во Кочани.

Колоната тргна од Плоштад Македонија, а патот ја одведе до Кривичниот суд и Собранието – институциите кои демонстрантите ги повикаа на одговорност, транспарентност и човечка испратеност кон семејствата на жртвите.

Маршот беше исполнет со длабока тага и револт, но и силна солидарност. Најмоќно одекна симболиката на „99-те километри“ – растојанието што граѓаните го „пренесоа“ со себе како потсетник на жолтата линија помеѓу болката и институционалната должност која, според нив, сè уште не е исполнета.

Присутните порачаа дека нема да запрат додека не добијат вистинска правда и додека не се обезбедат системски промени што ќе спречат нови трагедии. Тие апелираа институциите да застанат целосно на страната на граѓаните и на семејствата кои ја понесоа најголемата загуба.

Escape