ПРВ.мк
Свет

Тешка сообраќајна несреќа во која загина Македонец - деталите откриваат многу повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во која загина Македонец - деталите откриваат многу повеќе
Kristal

На периферијата на Равена, Италија, во близина на каменолом, вчера се случила сериозна сообраќајна несреќа во која животот го загубил 60-годишен маж од Македонија, кој живеел во Луго.

Според италијанските медиуми, несреќата се случила кога два камиона се движеле во спротивни насоки – едниот влегувал, а другиот излегувал од каменоломот – и директно се судриле, предизвикувајќи тешки последици.

Покрај загинатиот, другиот возач е повреден и пренесен во болница за укажување на лекарска помош. Загинатиот е идентификуван како Ислами Месут, 60-годишен државјанин на Македонија.

Случајот е во надлежност на локалните власти, а истрагата за причините на несреќата продолжува.

Escape