ПРВ.мк
Македонија

Духовно одбележување на Георгиј Победоносец - погледнете во кој Манастир ќе се одбележува

Духовно одбележување на Георгиј Победоносец - погледнете во кој Манастир ќе се одбележува
Kristal

Во Бигорскиот манастир вечерва, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи празнично бдение кое ќе вклучува Повечерие, Вечерна, Утрена и Први час.

На денот на празникот, утре со почеток во 08:30 часот, ќе се одслужи Божествена архиерејска Литургија, чиноначалствувана од Неговото високопреосвештенство митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, во сослужение со Неговото преосвештенство епископот Антаниски, г. Партениј.

Сослужението се остварува со благослов на надлежниот архиереј, Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски, г. Георгиј. Во објавата на манастирот се посакува молитвите и благословот на Свети Георгиј Победоносец да бидат со сите верници.

Escape