ПРВ.мк
Македонија

Неочекуван потег од градоначалникот, платата ќе ја дели на лица со посебни потреби - Погледнете за кој станува збор

Неочекуван потег од градоначалникот, платата ќе ја дели на лица со посебни потреби - Погледнете за кој станува збор
Kristal

Новиот градоначалник на Струга, Менди Ќура, во гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77, најави неколку значајни промени во начинот на кој ќе ја извршува функцијата.

Ќура истакна дека својата плата нема да ја задржи, туку целосно ќе ја донира за лица со посебни потреби. Дополнително, тој нема да го користи ниту бенефитот што законски му следува на градоначалникот за средства за репрезентација.

Познат како бизнисмен и градежен инвеститор, Ќура се осврна и на прашањето за можен судир на интереси. Тој нагласи дека неговите градежни проекти не зависат од Струга, бидејќи неговите деловни активности се распрснати низ целата земја, а не ограничени само на овој град.

Една од најкоментираните одлуки е и ставањето на продажба на луксузното службено „ауди“, купено во времето на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко. Возилото веќе е објавено на оглас за продажба, со што Ќура испраќа порака за поинаков, поодговорен пристап кон трошењето општински средства.

Escape