ПРВ.мк
Македонија

Во прекин сообраќајот на патот Удово – Валандово - ова е причината

Во прекин сообраќајот на патот Удово – Валандово - ова е причината
Kristal

Од 16:50 часот попладнево сообраќајот на регионалниот пат Р1105 Удово – Валандово е во целосен прекин поради сообраќајна незгода, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

На останатите патни правци, сообраќајот се одвива непречено по претежно суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите да ја прилагодат брзината, да го почитуваат поставеното сообраќајно знацирање и да управуваат внимателно, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои ризик од одрони.

Од денеска стапува на сила и законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2026 година, без разлика на моменталните временски услови.

Escape