Денеска, на 15 ноември 2025 година, околу 06:00 часот, во ОВР Гевгелија е пријавена сериозна сообраќајна несреќа на регионалниот пат од место викано „Чавдарова чешма“ кон обиколница Богданци.
Според информациите од полицијата, патничкото возило „Ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Т. (26) од с. Црничани, дојранско, удрило во канделабра и во сообраќаен знак, откако претходно избегнал судир со домашно животно.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Општа болница Гевгелија, каде му се констатирани повредите. На местото на настанот интервенирала увидна екипа од ОВР Гевгелија, а истрагата за причините и околностите на несреќата е во тек.
















