ПРВ.мк
Скопје

Ѓорѓиевски постави нови директори во јавните претпријатија - овие луѓе ќе го водат Скопје од денес

Ѓорѓиевски постави нови директори во јавните претпријатија - овие луѓе ќе го водат Скопје од денес
Kristal

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва официјално соопшти кадровски промени во четирите најголеми јавни претпријатија под ингеренции на Градот, назначувајќи нови вршители на должноста директори.

Во ЈП „Улици и патишта“, за нов в.д. директор е именуван Борис Настов, кој истата функција ја извршуваше и на почетокот од мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска.

На чело на ЈП „Водовод и канализација“ ќе застане Иван Митровски, кој до сега ја извршуваше функцијата заменик-градоначалник на Општина Кисела Вода.

Во ЈСП „Скопје“, функцијата в.д. директор ќе ја преземе Саше Илиевски, долгогодишен вработен во претпријатието со значително искуство во сите оперативни процеси.

ЈП „Комунална хигиена“ добива нов в.д. директор — Драги, лице со повеќегодишно искуство во комуналниот сектор на Град Скопје, за кој Ѓорѓиевски истакна дека се покажал особено успешно за време на големата акција „72 часа“.

Градоначалникот потенцираше дека изборот на новите директори е направен врз основа на професионални квалификации и претходни работни резултати, а не врз политичка припадност или јавна експонираност.

„Овие луѓе имаат енергија, знаење и искуство да го подигнат нивото на работа во градските претпријатија и да придонесат кон поефикасни услуги за граѓаните“, порача Ѓорѓиевски.

Escape