ПРВ.мк
Сцена

Весна Џогани со најболна исповед досега: Со денови плачела во дом за деца без родители!

Весна Џогани со најболна исповед досега: Со денови плачела во дом за деца без родители!

Популарната пејачка Весна Ѓогани во емотивна исповед отворено зборуваше за најтешкиот период од својот живот – времето поминато во дом за деца без родители. Поради екстремно лошите материјални услови, таа како мало девојче била разделена од својата мајка.

„Не беше нејзина одлука да ме остави. Таа немаше каде да живее, престојуваше во мала собичка како потстанар. Немаше основни услови за живот и социјалната служба едноставно ме одзеде. Некој нè пријавил“, се присети Весна.

Нејзините најрани спомени се врзани за институцијата „Звечанска“, каде со денови и ноќи плачела по мајка си и често била гладна. „Кумовите скришум доаѓаа одвреме-навреме и ми носеа храна, ореви, штрудли. Немавме ниту телефон, одев кај соседката за да се јавам некаде“, признава таа.

Спасот дошол од кумовите – брачен пар од Хрватска, кои ги запознала нејзината мајка. Тие ја извлекле од „Звечанска“ и кај нив живеела до седмата година. „Првпат почувствував семејна топлина и сигурност. Тие се луѓето кои ме крстија и ми го спасија детството“, додава Весна.

Денес, Весна е успешна жена и мајка, но вели дека лузните од детството никогаш целосно не избледуваат и се потсетник колку е важна семејната близина.