Со моќен сценски настап, впечатлива естетика и харизма што не може да се игнорира, Бојан Јовановски – Боки13 ја дочека Новата 2026 година со спектакл што долго ќе се памети. На централниот плоштад во Рума, пред бројна публика и во празнична атмосфера, Боки13 уште еднаш потврди зошто важи за една од највпечатливите сценски појави во регионот.


Облечен во ексклузивен костим кој блескаше како кристалите на новата година, Боки13 донесе визуелен и музички доживљај што ја надмина класичната новогодишна прослава. Секој детал – од сценскиот изглед, преку движењето, до енергијата со која комуницираше со публиката – беше прецизно осмислен и моќно изведен. Настапот беше симбол на самодоверба, стил и јасна порака: новата година започнува со светлина, сила и доминација.


Овој настан има и дополнителна тежина, бидејќи Боки13 се издвои како единствен македонски изведувач кој за Нова година настапи на плоштад во Србија – чест и признание што говори за неговата регионална релевантност и препознатливост. Додека најчесто сме навикнати странски ѕвезди да ги красат плоштадите во Македонија, овојпат македонски артист ја предводеше новогодишната еуфорија надвор од границите.






Новата 2026 година започна со блесок, стил и спектакл. А Боки13 уште еднаш покажа дека кога станува збор за сцена, присуство и енергија – тој не следи трендови, туку ги создава.
















