ПРВ.мк
Сцена

ПАНИКА НА КОНЦЕРТОТ: Настапот на Аца Лукас прекинат - ова е причината!

ПАНИКА НА КОНЦЕРТОТ: Настапот на Аца Лукас прекинат - ова е причината!
Kristal

Во ресторанот „Плажа“ во Лукавац, Босна и Херцеговина, вечерва настанала краткотрајна паника откако била примена дојава за наводно поставена експлозивна направа. Поради сериозноста на пријавата, полициските служби реагирале веднаш, ги евакуирале сите присутни и го ставиле објектот под строга контрола.

Со брза и координирана интервенција на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон, безбедносната ситуација била стабилизирана за кратко време. Како што објави порталот „Аваз“, пријавата за бомбата била примена во 21:20 часот, по што полициските екипи без одлагање излегле на терен и започнале со спроведување на стандардните безбедносни протоколи.

Од превентивни причини, сите гости биле изведени од објектот, а поширокото подрачје околу ресторанот било обезбедено и ставено под засилен полициски надзор. На местото на настанот пристигнал и специјализираниот тим на КДЗ, кој извршил темелна антисаботажна проверка на целиот простор.

По деталниот преглед било утврдено дека станува збор за лажна дојава и дека не постои никаква опасност по безбедноста на граѓаните и персоналот. За време на интервенцијата, привремено бил прекинат и најавениот концерт на популарниот пејач Аце Лукас, што дополнително ја зголемило вознемиреноста кај присутните.

Откако КДЗ официјално потврдил дека пријавата е неоснована, полициските служби дозволиле враќање на гостите во ресторанот. Забавната програма продолжила без понатамошни инциденти, а ситуацијата целосно се нормализирала.

FixCredit
Escape