Од театарска сцена, преку сензација на социјалните мрежи, до распродадени арени, а сега и на филмско платно – Стефан Николовски е името што сè почесто се поврзува со новата генерација македонски актери. Овој пат, патувањето на најпопуларниот млад актер добива нова димензија – улога во новиот филм на Милчо Манчевски, трилер-комедијата „Збогум, Копакабано“.

Веќе некој период го гледаме младиот актер со друг имиџ. Брада и жолта коса. Никој точно не знаеше што се случува се додека Николовски не ја реши мистеријата!
Тој на својот инстаграм профил објави фотографија со режисерот Милчо Манчевски под која напиша “Тој е крив за косата!”

Всушност новиот имиџ е дел од ликот кој што тој го толкува во новиот филм на Манчевски.
Снимањето започна на 15 јули 2025, а Николовски го толкува ликот на Раде Ќошо, харизматичен и непредвидлив јунак.

Николовски позади себе има силна театарска основа, телевизиски и филмски проекти, но и огромен успех во стендап светот – Со стендапот “Натпросечен Македонец” Тино, Атанас и Стефан станаа првите комичари на Балканот кој распродале четири спортски арени.

Сега, со „Збогум, Копакабано“, публиката ќе има прилика да го види Стефан и на филмското платно, под водство на најнаградуваниот македонски режисер. Филмот веќе е предмет на интерес на повеќе светски фестивали.
Премиерата се очекува во 2026 година.
Дознава прв.мк