ПРВ.мк
Сцена

ЛУДИЛО ЗА СТЕФАН НИКОЛОВСКИ: И ВТОРАТА АРЕНА СЕ РАСПРОДАВА СО НЕВЕРОЈАТНА БРЗИНА – ЌЕ ИМА ЛИ И ТРЕТА?

ЛУДИЛО ЗА СТЕФАН НИКОЛОВСКИ: И ВТОРАТА АРЕНА СЕ РАСПРОДАВА СО НЕВЕРОЈАТНА БРЗИНА – ЌЕ ИМА ЛИ И ТРЕТА?

По рекордно брзата распродажба на првата арена „Борис Трајковски“, Стефан Николовски продолжува да испишува историја на македонската стендап-сцена!

Интересот за неговиот спектакл „Ацо е наш“ не само што не стивнува, туку станува сè поголем. Веднаш по распродажбата на првиот датум, публиката буквално навали по билети за второто шоу, кое се распродава со неверојатна брзина.

Она што започна како историски стендап-настан, прераснува во вистински национален феномен. Публика од сите краеви на Македонија се подготвува да биде дел од спектаклот во најголемата затворена арена во државата.

Но, додека билетите за вториот датум забрзано исчезнуваат, во јавноста веќе кружат гласини за нешто уште поголемо – ТРЕТА АРЕНА!

Дали Николовски подготвува уште едно изненадување за својата публика? Засега нема официјална потврда, ниту информација дали воопшто ќе биде отворен трет датум.

Едно е сигурно – интересот е огромен, а билетите за второто шоу се продаваат со темпо кое најавува уште една распродадена арена.

Затоа, доколку сакате да бидете дел од ова историско стендап-шоу, не чекајте последен момент. Трета арена засега е само гласина, а билетите за втората се сè помалку!

Македонија се подготвува за спектакл што ќе се памети!