ПРВ.мк
Македонија

ВАЖНИ ЗДРАВСТВЕНИ СРЕДБИ ВО КОПЕНХАГЕН: Македонија ја зајакнува меѓународната соработка на самитот на СЗО!

ВАЖНИ ЗДРАВСТВЕНИ СРЕДБИ ВО КОПЕНХАГЕН: Македонија ја зајакнува меѓународната соработка на самитот на СЗО!

На маргините на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа во Копенхаген, македонската делегација оствари низа значајни билатерални средби со високи претставници, министри и меѓународни партнери.

Како што соопшти министерот за здравство, фокусот на разговорите бил ставен на соработката во здравствениот сектор, дигитализацијата и справувањето со актуелните демографски предизвици.

Поддршка од Чешка и разговори за дигитално здравство

На средбата со чешкиот министер за здравство, Адам Војтјех, министерот изрази искрена благодарност за поддршката која Чешка ја пружи по неодамнешната трагедија во Кочани. Соговорниците разговарале и за продлабочување на билатералната соработка, особено во делот на размената на искуства и практики во развојот на дигиталното здравство.

Размена на искуства со УНФПА и регионални партнери

Демографските предизвици со кои се соочува регионот беа клучна тема на средбата со регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Флоренс Бауер. Исто така, беше остварена и работна средба со поранешната министерка за здравство и социјална заштита на Албанија, Евис Сала, во насока на зајакнување на соработката меѓу двете соседни земји.

Средби со кандидатите за нов генерален директор на СЗО

Во рамките на агендата во Данска, министерот се сретна и со двајца од истакнатите кандидати за нов генерален директор на СЗО: д-р Ханс Клуге од Белгија, кој актуелно ја врши функцијата регионален директор на СЗО за Европа, како и д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на оваа земја.

На сите средби, министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели, при што уште еднаш беше потенцирано дека меѓународната соработка и солидарноста се клучни за постигнување подобра здравствена заштита за сите граѓани.