Познатиот холивудски актер Бред Пит повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат не поради филмска улога или приватниот живот, туку поради неговото појавување на Светското првенство. Фотографиите од трибините брзо се проширија на интернет, а еден детаљ од неговата комбинација стана главна тема за шеги меѓу корисниците на социјалните мрежи.
Актерот беше забележан на натпреварот меѓу Шпанија и Белгија, каде што пристигна во ВИП ложата во друштво на својата партнерка Инес де Рамон. Додека таа гордо носеше црвен дрес и ја поддржуваше шпанската репрезентација, Бред Пит се одлучи за поинаков пристап и не застана зад ниту една од екипите што се натпреваруваа.
Наместо дрес на Шпанија или Белгија, актерот се појави во дрес на репрезентацијата на САД. Деталот веднаш го привлече вниманието на навивачите, особено затоа што американската селекција веќе беше елиминирана од турнирот по поразот од Белгија со 4:1 во осминафиналето.
Токму неговиот избор на облека стана причина за бројни шеги на социјалната мрежа X, каде корисниците се натпреваруваа во духовити коментари. Дел од нив се пошегуваа дека Бред Пит не дошол да навива за Шпанија, туку едноставно да биде „противник“ на Белгија од далечина.
„Бред Пит успешно навива против Белгија од чиста злоба“, гласи еден од коментарите што привлече внимание. Друг корисник напиша дека актерот изгледал како да дошол само за да покаже дека не ја поддржува Белгија, а не затоа што е особено заинтересиран за натпреварот.
Покрај фудбалскиот момент, јавноста последниот период често го следи Бред Пит и поради неговиот приватен живот, особено врската со 29 години помладата Инес де Рамон. Сепак, овојпат главната тема беше неговиот необичен избор на дрес, кој успеа да стане интернет-сензација.








