ПРВ.мк
Сцена

(ФОТО) НЕЗАБОРАВНА НОЌ ВО ВЕЛЕС: Luma Fest донесе светски имиња, врвна музика и спектакуларна атмосфера!

(ФОТО) НЕЗАБОРАВНА НОЌ ВО ВЕЛЕС: Luma Fest донесе светски имиња, врвна музика и спектакуларна атмосфера!

Велес синоќа живееше во знакот на музиката, енергијата и фестивалската атмосфера, откако платото на Костурница беше претворено во голема сцена за второто издание на Luma Fest.

Настанот привлече илјадници посетители, кои уживаа во настапи на светски музички имиња, моќен звук и незаборавна атмосфера. Градот пулсираше во ритамот на фестивалот, создавајќи амбиент кој го надмина локалното значење и го позиционираше Велес како домаќин на големи музички случувања.

Организаторите порачаа дека Luma Fest уште еднаш покажал дека Велес има капацитет да угости големи настани и познати изведувачи, а фестивалот станува еден од препознатливите делови од летната културна понуда.

Програмата на „Велешко лето“ продолжува и во наредниот период, со нови настани кои треба да донесат дополнителна забава и културни содржини за граѓаните и посетителите.

Велес – град каде летото се претвора во спомен за паметење.