На улицата „Словенска“ во Кавадарци во тек се активности за целосно подобрување и унапредување на јавното улично осветлување.

Со интервенцијата се опфаќа целата улица, со цел да се обезбеди подобра и поквалитетна осветленост, но и поголема сигурност за пешаците, возачите и сите граѓани кои ја користат оваа сообраќајница во вечерните и ноќните часови. ✔️

Добро осветлените улици се важен дел од безбедна и функционална урбана средина. Токму затоа вложувањето во јавната инфраструктура значи и создавање подобри услови за секојдневното живеење.
🏙️ Општина Кавадарци продолжува со континуирано унапредување на јавната инфраструктура, со реализација на проекти кои имаат директно значење за граѓаните и придонесуваат за поуреден, побезбеден и попријатен град.

💡 Чекор по чекор, улица по улица – Кавадарци добива подобри услови за живот.













