ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО ПОЗНАТ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО ЦЕНТАР: Двајца 16-годишници се степале, полицијата веднаш ги приведе!

ДРАМА ВО ПОЗНАТ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО ЦЕНТАР: Двајца 16-годишници се степале, полицијата веднаш ги приведе!

Двајца малолетници на возраст од 16 години од Скопје биле приведени откако се степале во угостителски објект на подрачјето на општина Центар.

Инцидентот се случил во текот на ноќта, а случајот бил пријавен во полиција. На 4 октомври околу 00:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле двајцата 16-годишници.

Според пријавеното, тие во угостителскиот објект го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Малолетниците биле приведени во полициска станица, а полицијата продолжува со расчистување и документирање на случајот.

По целосното утврдување на фактите и околностите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.