ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО БИТОЛА: 33-годишник нападнал полицајци при интервенција за семејно насилство - еве како завршил!

ДРАМА ВО БИТОЛА: 33-годишник нападнал полицајци при интервенција за семејно насилство - еве како завршил!

Триесет и тригодишен жител на Битола е лишен од слобода откако, според полицијата, попречувал полициски службеници при постапување по случај поврзан со семејно насилство, а потоа и физички ги нападнал.

Инцидентот се случил на 3 октомври околу 08:30 часот на улицата „Караорман“ во Битола. Полициски службеници од СВР Битола преземале службени дејствија во врска со пријава за семејно насилство.

Според пријавеното, И.Б. (33) од Битола, заедно со женско лице, го попречувале извршувањето на службените дејствија. Ситуацијата дополнително ескалирала кога 33-годишникот физички ги нападнал полициските службеници.

Полицијата го лишила од слобода И.Б. и го привела за понатамошно постапување.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.