Двајца мажи од Скопје биле приведени откако учествувале во физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје. Кај нив полицијата пронашла и одзела два ножа.
Инцидентот се случил на 3 октомври околу 22:40 часот. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле М.С. (39) и Б.Н. (32).
Според пријавеното, пред угостителскиот објект дошло до физичка пресметка во која учествувале М.С., Б.Н. и 26-годишниот Х.Д., исто така од Скопје. Со тепачката бил нарушен јавниот ред и мир.
При приведувањето, кај М.С. и Б.Н. биле пронајдени и одземени два ножа.
Полицијата работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што против инволвираните ќе следуваат соодветни поднесоци.






