ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО СПОРТСКА ОБЛОЖУВАЛНИЦА: Битолчанец и жител на Илинден се степале - еве како дошло до инцидентот!

ДРАМА ВО СПОРТСКА ОБЛОЖУВАЛНИЦА: Битолчанец и жител на Илинден се степале - еве како дошло до инцидентот!

Двајца мажи биле приведени откако се степале во спортска обложувалница во селото Марино, скопско.

Инцидентот се случил на 3 октомври околу 21:40 часот, кога полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.Т. (44) од Битола и С.А. (48) од Илинден.

Според пријавеното, двајцата во спортската обложувалница во Марино го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Полицијата ги привела учесниците и презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

По завршувањето на постапката, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.