Тројца родители пријавиле во полиција дека нивните малолетни деца и нивни другари биле физички нападнати од група малолетници во училишен двор на подрачјето на Ѓорче Петров.
Случајот бил пријавен на 3 октомври во 12:40 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, инцидентот се случил претходната вечер, на 2 октомври околу 22:15 часот.
Во училишниот двор, според пријавата, четворица малолетници физички ги нападнале децата, при што еден од напаѓачите наводно носел и остар предмет.
Родителите А.А. (44), С.З. (41) и Г.Т. (40), сите од Скопје, го пријавиле случајот во полиција.
Од СВР Скопје преземаат мерки за расчистување на настанот, утврдување на идентитетот и околностите под кои дошло до инцидентот.






